Обврска на Парламентот е да го комплетира составот на ДИК, вели Ковачевски

Од:

Обврска на Парламентот и на политичките партии застапени во него преку соодветните комисии е да го комплетираат составот на Државата изборна комисија, се друго е импровизација која може да стави дамка на изборниот процес, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во Брисел и повика да се почитува законот за застапеноста на политичките партии во ова тело.

-Составот на Државната изборна комисија, бројот на членови на ДИК е наведен во закон и јас сум човек кој што неколку пати повторувам дека не може ние да толкуваме закони како сакаме. Обврска на Парламентот и на политичките партии застапени во Парламентот преку соодветните комисии е да го комплетираат составот на Државата изборна комисија, се друго е импровизација која може да стави дамка на изборниот процес. Затоа јас имам многу јасен став, како што е наведено во законот за застапеност на политичките партии така треба и да се почитува, исто како што треба да се почитува и законот во делот на техничката влада, во делот на составот на техничката Влада и Северна Македонија да оди на демократски избори на 24 април и на 8 мај, рече премиерот Ковачевски на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција дека власта прави опструкции за изборот на член на ДИК кој би требало да дојде од редовите на албанската опозиција.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата. Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на вчерашната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК и таа треба да се најде на пленарна седница.

На огласот распишан од Собранието, пријавени беа пет кандидати за нов член на ДИК. Власта и опозицијата се најдоа во клинч за кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири, за кој според власта тој не ги исполнува потребните критериуми, бидејќи бил генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели, велејќи дека тоа не е точно и дека тој поднел изјава заверана на нотар дека веќе не извршува партиска функција.

Би можело да ве интересира

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Горан Наумовски