Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело. Осомничениот 18-годишник на 9 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето, извести ОЈО.

18 годишниот возач, кој нема возачка дозвола на улицата “Народен Фронт” управуваше автомобил „Фолскваген пасат“ и изврши непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

„При такви услови со возилото удри во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминуваше коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здоби со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напушти местото на настанот. Жртвата беше префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош почина. Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнаа на возачот да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин „Табановце“. Тие се уапсени по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и апсење. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ