Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Од:

Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности.

-Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, соопшти Обвинителството.

Повредениот е Зекирија Шахини лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и е носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори.

Директорот на кумановската општа болница, Сашо Стошевски претходно изјави дека повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност, а по завршените првични медицински иследувања е пратен за Скопје.

-Кај нас е донесено лицето со иницијали З.Ш. со четири прострелни рани во пределот на левата подлактница и десно колено. Направени се сите иследувања кај нас согласно сите протоколи за лекување. Лицето е вон животна опасност и е пренесено веднаш на Клиника за трауматологија во Скопје, изјави Стошевски.

МВР соопшти дека инцидентот се случи денеска во 13.54 часот во СВР Куманово на крстосница од улицата „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово.

-Две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Би можело да ве интересира

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Пукал со калашников во автобус полн со патници

А1он

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски