Обвинителството во Битола се уште го чека извештајот од обдукцијата за Јана

Од:

Обдукцискиот наод кој треба да покаже од што почина шестгодишната Јана Христовска во болницата во Битола, се уште не не е доставен до Основното јавно обвинителство Битола, но од Обвинителството за „А1он“ откриваат дека извршен е распит на повеќе лица и обезбеден е дел од медицинската документација.

„Во меѓувреме се преземени повеќе дејствија за испитување на настанот. Извршен е распит на повеќе лица кои имаат определени сознанија и обезбеден е дел од медицинската документација.

Останатиот дел од документацијата ќе биде најпрвин потребен за работата на комисијата за оценка на стручноста во постапувањето формирана од Министерството за здравство.

По завршување на нивното постапување, обвинителството ќе го обезбеди и нивниот и извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат во поглед на почитувањето на медицинските протоколи. По завршување на сите проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, рекоа од Обвинителството.

Претходно Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден надзор во Клиничката болница во Битола каде што почина шестгодишната Јана од засега неразјаснети причини.

Би можело да ве интересира

Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Анита Петровска Рајковиќ

Мирен протест на битолчани пред болницатa „Др. Трифун Пановски“

Горан Наумовски

МЗ се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница

Ана Ололовска

Шестгодишната Јана прележала ковид, а вирус и ги воспалил мускулите –Немало грешки во лекувањето според надзорот

Катерина Ѓуровски

Јовески за случајот со шестгодишната Јана: Го немаме добиено извештајот од обдукцијата, обезбедуваме други докази

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“ – битолчани излегоа на протест за малата Јана

Горан Наумовски