Обвинителството со детали за апсењето на тројца дилери од Скопје

Од:

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот на ноември до средината на декември 2022 година, со умисла вршеле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, велат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека „сега обвинетите неовластено продавале марихуана и амфетамин на зависници во Скопје. Третиот обвинет се гони за соизвршителство при последната продажба.

„На 25 декември, во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети заедно, неовластено организирале и заради продажба држеле психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 7.044 грама, која првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15.000 Евра.

Кога се сретнале за да се реализира продажбата, другите двајца обвинети стоеле во непосредна близина за да известат доколку забележат движење или присуство на полиција. При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, обвинетите биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги уапсиле сите тројца сега обвинети, а дрогата ја запленија.

Како дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога вчера беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото“ велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра