Обвинителството постапува по кривичната пријава на грчката фирма која чистела во Влада

Од:

Јавното обвинителство постапува по кривичната пријава поднесена од компанијата „Ланд Сервис“ од Скопје, но постапката нема очекувана динамика затоа што оштетените во текот на истата повеќе пати ја надолнувале кривичната пријава со ново пријавени лица и со нови дела, информираа за „А1он“ од Основното јавно обвинителство.

„Во предметот во моментов постапува Основното јавно обвинителство Скопје. Но, со оглед на тоа што самите оштетени во текот на постапката повеќепати ја надополнуваа кривичната пријава со нови пријавени лица и со нови дела во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, беше неопходно најпрвин по наводите од нивните поднесоци да се произнесе јавен обвинител од ОЈОГОКК.

Откако тој обвинител презеде повеќе дејствија и донесе решение дека нема основано сомнение дека сите пријавени сториле кривично дело што е во надлежност на тоа обвинителство, предметот беше вратен во Основното јавно обвинителство Скопје на 25.10.2022 година.

Веќе на 15.11.2022 година надлежниот јавен обвинител ги испрати првите покани за сослушувања, а од приемот на предметот до сега извршен е распит и на оштетените и на пријавените. Во прилог на наводите од пријавата, оштетените доставија и обемна материјална документација која мора да биде предмет на вештачење, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од ОЈО.

Обвинителството информира дека се постапува согласно Законот за кривична постапка и максимално се почитуваат законските рокови.

„За постапувањето редовно го известува и адвокатот на оштетените, а последното известување за текот на постапката до адвокатот е испратено на 06.07.2023 година“, додадоа од ОЈО.

Претходно „А1он“ објави реакција од менаџментот на „Ланд Сервис“ кој обвини дека со години чека одговор од ОЈО дали се постапува против лицата и фирмата која им нанела штета, а за случајот ја запознале и грчката амбасада со оглед на тоа дека сопственикот на компанијата е Грк по националност.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов