Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”. Од Обвинителството бараат ефективен притвор.

– Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка. Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита, велат од ОЈО Скопје.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје вчера им определи мерка „куќен пртвор“ на двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство, информираа од Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања