ОЈО Скопје поднесе обвинение за нанесени телесни повреди при семејно насилство

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено продолжено кривично дело – телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и вo врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, обвинетиот 40-годишник од Тетово со престојувалиште во Скопје, во временскиот период од 30 август до 1 септември, во два наврата, со умисла презел временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело.

На 30 август, во семејниот дом во Скопје при вршење семејно насилство, со умисла ја повредил поранешната сопруга, така што со тупаници повеќе пати ја удрил во пределот на главата и во десната подлактица.

На 1 август, во парк во близина на основно училиште во Аеродром, тој повторно со умисла телесно ја повредил оштетената, која со нивните заеднички малолетни деца била излезена на прошетка. Обвинетиот со такси возило ја чекал пред влезот на училиштето, по што тргнал кон неа и неколку пати со тупаници повторно ја удрил во главата и во десната подлактица.

Од двата напади кај оштетената билe нанесени телесни повреди во вид на набиеници, подливи и акутна реакција на стрес.

Со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка, како и заштита од повторување на насилното однесување кон оштетената, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, стои во соопштението на ОЈО.​

Би можело да ве интересира

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот