Обвинителството почна постапка против Бојан Христовски по анонимна кривична пријава

Од:

ОЈО Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава, против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски.

Од Обвинителството потврдуваат дека до нив е пристигната анонимна пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува.

Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа “Јулија”, а сертификати од “Јулија” во судски постапки во Македонија веќе се прогласени за фалсификати.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.

Од СДСМ го повикаа Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности и да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

-Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот, се вели во соопштението од СДСМ.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) минатата недела отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски.

Би можело да ве интересира

Руската амбасада ги отфрли обвинувањата на АНБ и бара објаснување од македонските институции

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски