Обвинителството побара раздвојување на постапката за Сашко Марковски за „крвавиот четврток“

Од:

Обвинителката Вилма Рускоска на почетокот од денешното судење за 27 април побара од судот да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашко Марковски, кој е отсутен од денешното рочиште поради болест. Претходното судење за овој случај беше одложено, поради истата причина.

– Поради нарушената здравствена состојба барам раздвојување на постапката согласно член 29 од Законот за кривична постапка. Сметам дека тоа ќе биде целесообразно за да не се одолговлекува постапката против останатите обвинети лица, од кои поголем дел се наоѓаат во притвор, рече обвинителката Рускоска.

Претходно, судијката која ја води постапката, Добрила Кацарска, истакна дека поради нарушената здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски, тој се наоѓа во здравствената установа „8 Септември“, каде константно мора да биде под мониторинг на лекарите.

Кацарска даде 20-минутна пауза по што судот ќе одлучи по барањето на обвинителството.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава