Обвинителството отвори истрага за мајката од Гостивар, со синџир и катанец го врзувала детето за кревет

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Повреда на семејни обврски, предвидено и казниво согласно член 203 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за 36-годишната осомничена. За наведеното кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот. Останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.​

Би можело да ве интересира

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки