Обвинителството ќе чека Финансиска полиција да провери каде завршиле 30.000 евра за украсување на Скопје, Арсовска крие кој украсува

Од:

Град Скопје крие дали имало ангажирано фирма за новогодишното украсување кое градоначалничката Данела Арсовска кажа дека чини 30.000 евра и зошто не бил распишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра. А1он вчера испрати прашања поврзани со новодогодишното украсување, но од таму се уште нема никаков одговор.

Во меѓувреме, обвинителството вели дека Управата за финансиска полиција е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса. Доколку не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

„Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“, рекоа од обвинителството.

Градоначалничката Данела Арсовска пред десетина дена на Фејсбук најави дека украсувањето на градот ќе чини 30.000 евра, но од тогаш нема никаква друга официјална информација.

„Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра.“, напиша Арсовска за новогодишното украсување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд