Никој нема да одговара за аферата со пензиите и директорите на ДУИ

Од:

Скопското обвинителство по спроведените истражни дејствија, донело одлука да ја затвори предистрагата за неуплаќаните средства кај пензионерите во вториот пензиски столб, дознава „А1 он“. Од службата за односи со јавност на Обвинителството за „А1 он“ потврдија дека јавнообвинителска одлука за оваа предистражна постапка е донесена, но не сооштија каква и појаснија дека соопштение ќе биде објавено попладнево.

Во посочениот период, со Фондот за пензиско раководеа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и Шаип Зенељи. ДУИ  веднаш во соопштение посочи дека станува збор за несреќна изјава на Царовска и за лажна вест.

Изминaтиов период во скопското обвинителство биле сослушани претставници од Министерството за финансии во врска со кривичната пријава за наодите за злоупотреби во вториот пензиски столб.

Неофицијално, претставниците појасниле дека има механизми за заштита и дека буџетот во конкретниот случај не е оштетен. Обвинителството во истражувањето на случајот повикало претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и на двете пензиски друштва. Сослушан бил и актуелниот генерален директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Од Државниот завод за ревизија биле доставени побараните извештаи за ревизиите од сметките на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Средствата од вториот пензиски столб се безбедни и нема штета на буџетот.

Кривична пријава за случајот против непознати сторители ја поднесе министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Министерката тврдеше дека во пензискиот фонд се направени неправилности при распределувањето на придонесите на приближно 12 илјади граѓани, идни пензионери.

Наместо во вториот столб, придонесите на дел од граѓаните во вредност од 19 милиони евра останале во првиот државен столб со што им било ускратено правото на повисока пензија. Според соопштението на министерството еден осигуреник со просечна плата изгубил приближно 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

Сепак, останува податокот дека Владата одлучи да уплати 19 милиони евра кон осигурениците како обесштетување.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Кривична за поранешен директор на Фондот за ПИОМ: Исплаќал плати на луѓе кои не доаѓале на работа

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска