Обвинителството и полицијата ги претресуваат фирмите со портали на кои се рекламираше ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Еден ден по објавата на „А1он“ дека дел од државните пари за изборно рекламирање завршиле кај портали кои сега не објавуваат вести, немаат импресуми и се регистрирани на домашни адреси Обвинителството и полицијата влегоа во три фирми кои имаат портали на кои во изборната кампања се рекламираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Полиција влезе. По допрен глас, полиција отвори постапка и до нас достави известување во кое бараа наредби за собирање на докази. Наредбите беа издадени вчера од надлежен обвинител, денес полиција постапува“, изјави Вилма Рускоска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „А1он“.

Неофицијално, проверката се прави во три фирми поврзани со порталите „lady.mk“, „srekja.mk“, „gradina.mk“, „indigo.mk“, „visitskopje.mk“, „ekran.mk“, и „biznisvesti.mk“, за кои фактурирала фирмата „Глобал Нет“ ДООЕЛ од Скопје.

Обвинителството се сомнева дека порталите се отворени наменски, за да им се префрлат пари во изборите. На трите фирми одземена им е документацијата.

Истражувањето на „А1он“, објавено вчера, покажа дека ВМРО – ДПМНЕ, најмногу се рекламирале на портали кои по изборите не објавуваат вести, немаат импресуми и фирмите им се регистрирани на домашни адреси.

 

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски