Обвинителството бара условни казни за полицајците кои го сликаа Чавков во затворот

Од:

Скопското обвинителство бара условни казни за полицајците кои го сликаа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во затворот во Шуто Оризари.

„По спроведените истражни дејствија, надлежен обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две службени лица од КПУ Затвор Скопје. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело неовластено снимање“, велат од Обвинителството.

Имено, на 30 ноември минатата година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал. Фотографиите во приватна порака, преку социјалните мрежи ги проследил на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца полицајци.

Во предлогот за издавање на казнениот налог предложено е судот на обвинетите да им изрече условна осуда и да им утврди казна затвор во траење од три месеци, што нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело во траење од две години.​Инаку за казнени налози не се одржува судење, ако се прифати предлогот на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Жена е во животна опасност по напад од сопругот, обвинителството започна истрага

Горан Наумовски

Обвинителство бара притвор за Кристијан Корабовски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски