Обвинителството бара притвор за гостиварецот што крвнички ја претепа сопругата, обвинет е за убиство

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство.

На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото.

На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест.

Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Македонецот што пукаше во Марко Кан наредбата ја добил преку „Сигнал“, пиштолот го фрлил во морето

Горан Наумовски

Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро

Предраг Петровиќ

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го призна

Катерина Ѓуровски

Полицијата уапси осомничен за убиството кај Смилковско Езеро

Горан Наумовски

Повторно се пребарува Вардар кај Гостивар: ДЗС ги активираше специјализираните спасувачки тимови

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци