Обвинителството бара притвор за двајцата тепачи од инцидентот во Трибека

Од:

Јавното обвинителство побарало мерка притвор за двајца од учесниците во синоќешната тепачка во скопскиот бар Трибека.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, жители на Скопје, на возраст од 19 и 28 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – насилство“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Освен тоа, од Обвинителството велат дека тие во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи. Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите , започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ