Детали за тепачката во Трибека: Прво седеле на иста маса, па си размениле боксови

Од:

Пет лица од Скопје учествувале во тепачката која вчера се случи во локалот „Трибека“ на булеварот „Илинденска“. Според сведочењата на гостите, пред да почнат да се маваат со столици и маси, лицата кои си размениле боксови, седеле заедно во локалот. По извесно време, наеднаш започнала драмата и настанал хаос. Полицијата постапувала по пријава, а уапсени биле сите лица.

„Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(20), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект“, велат од МВР.

Скопјанецот кој го кршел инвентарот, потоа нападнал и две девојки на возраст од 18 и 19 години. На едната од нив и го искршил и мобилниот телефон.

„На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Сведоци на демолираниот локал биле и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Иако затекнале како толпа луѓе излегуваат од „Трибека“, инспекторите не можеле да констатираат дали имало прекршување на протоколите за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Физичка пресметка на пет лица од Вевчани и Велешта поради нетрпеливост во сообраќајот

Ана Ололовска

ЕК: Пазарниот инспекторат работи со недоволен број лиценцирани инспектори и застарена опрема

Катерина Павлова-Николовска

Во Гостивар тепачка, полиција смирувала со истрели во воздух

Ана Ололовска

„Интермецо“ доби најблага казна – пломбирано ќе биде 10 дена, ако ја повтори журката повторно ќе го затворат

Маја Илиевска-Пачемска

Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Маја Илиевска-Пачемска

Дедо, татко и внук истепани во својот двор од шест насилници

А1он