Обвинителството бара притвор за двајца дилери од Скопје и Велес

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции.

„При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле одземени и четири дигитални ваги и други предмети со остатоци од хероин.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 21-годишник, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

Основното јавно обвинителство Велес, пак, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник кај кого при претрес во домот на 13 март беа пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол. И за овој осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции обвинителството предложи да биде определена мерка притвор“, се вели во соопштението на ОЈО.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски