Обвинителството бара притвор за дилер на „мара“ и на амфетамин

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина кој не се користи полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога