Обвинителството бара Јанева да остане во куќен притвор, Апелација одлучува идната недела

Од:

Вишото јавно обвинителство испрати мислење до Апелациониот суд за барањето на Катица Јанева за укинување на мерката куќен притвор, со кое бара судискиот совет да ја одбие нејзината жалба. Обвинителството останува на истите причини и околности за да ѝ биде продолжен притворот на Јанева. Во Апелациониот суд го добиле мислењето, но сè уште немаат одлука по жалбата на Јанева.

„Oд страна на Вишото јавно обвинителство до надлежниот Апелационен суд е доставен предлог со кој се предлага жалбата на обвинетата да се одбие како неоснована, при што надлежниот јавен обвинител ги имал предвид сите околности поврзани со мерката за обезбедување присуство на обвинетата во текот на постапката, како и наводите во изјавената жалба“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Судискиот совет од Апелација за притворот на Катица Јанева ќе одлучува во текот на идната недела, на помалку од седум дена пред истекот на мерката. Според нив, има доволно време за да се донесе решение по жалбата.

Претходно, Апелација на 18 декември одлучи Катица Јанева да биде пуштена од Истражниот затвор „Скопје“ во куќен притвор по неколку нејзини жалби. Судот сметаше дека Јанева треба да биде пуштена од затворот бидејќи има лоша здравствена состојба и кардиолошки проблеми.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава по што судот ѝ одреди мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето „Катица против Боки 13“

Ана Ололовска

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Апелација делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески за „Рекет“

Ана Ололовска

Нова снимка за Мицкоски: Се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тој ‘Империја’

Кристијан Ландов

Нова аудио бомба открива дека Мицкоски се среќавал со Орце Камчев: Мене ме имаат сликано како влегувам таму

Ландов

Дуковски: Јовановски поднесе кривични пријави за измама, изнуда, лажен исказ, можеби торутира и несовесно лекување

А1он