Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Од:

Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека оформило предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и евентуалната кривична одговорност на повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатувале сериозни закани кон новинарот и уредник на телевизијата „Канал 5“, Александар Видиновски.

Како што соопштуваат од Обвинителството, заканувачките и навредливи коментари биле објавени под видео-прилог на Видиновски, кој се однесувал на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Во коментарите биле содржани сериозни закани, говор на омраза, ксенофобични пораки и пораки што поттикнуваат национална нетрпеливост.

Имајќи предвид дека станува збор за новинар и уредник кој извршува дејност од јавен интерес, предметот е доставен на понатамошно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да испита дали постојат елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност.

Во меѓувреме, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази сериозна загриженост поради нападите, навредите и смртните закани упатени кон Видиновски.

Од АВМУ нагласуваат дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозно загрозување на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана.

„Новинарите имаат право и обврска да известуваат за прашања од јавен интерес без да бидат изложени на притисоци, закани или насилство“, се наведува во соопштението.

Особено загрижувачки, според Агенцијата, се смртните закани, кои претставуваат кривично дело и бараат итно и ефикасно постапување од надлежните институции.

Од АВМУ очекуваат институциите со должно внимание да ги разгледаат овие случаи и да обезбедат соодветна заштита, со што ќе се испрати јасна порака дека заканите, говорот на омраза и онлајн-насилството кон новинарите се недозволиви.

Би можело да ве интересира

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он

Битолчанец вработен во образовна установа осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Процесот против полицајците за „Пулс“ ќе продолжи, реагира Обвинителството по промената на Трајчева

Катерина Ѓуровски

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино