ЈОРМ: До 10 часот не е пријавен посериозен инцидент

Од:

Комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот информира дека до 10.00 часот утринава не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент кој би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во Глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот.

Во соопштението наведуваат дека дежурни јавни обвинители во сите Основни и Виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење на сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот.

– Јавното обвинителство е во постојана комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи и дадени се насоки за итно преземање мерки за прибирање докази за евентуално сторени противправности и попречување на правото на глас на граѓаните, стои во соопштениет во кое се додава дека јавното обвинителство во континуитет ќе продолжи будно да ги следи случувањата во текот на денешниот ден.

Посочуваат дека за сите незаконитости веднаш ќе бидат преземени со закон определените мерки согласно надлежноста на јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска