Обвинителот Рустеми пристигна на сведочење во ОЈО

Од:

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Рустеми беше повикан да сведочи во ЈО вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ“, каде тој го застапува обвинението.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, а во вторник на распит е повикана и шефицата на СЈО, Катица Канева.

Стефанова и Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор. Обвинителството двајцата ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

Се истражува нападот во Визбегово, ОЈО бара притвор за маж и жена кои нападнаа новинарска екипа

Горан Наумовски

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он