Обвинителот Бурим Рустеми повикан во ОЈО за „Рекет“

Од:

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Од Јавното обвинителство потврдија дека обвинителот Рустеми е повикан, но поради утрешното судење за „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението, се уште не е прецизирано точно време, кога ќе биде сослушан.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог