Обвинителот Бубевски поднесе кривична против адвокатот на Ејуп Алими за загрозување на сигурноста

Од:

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против адвокатот на обвинетиот Ејуп Аљими во предметот „Титаник 3“ Мефаиљ Арслани.

Во пријавата е наведено дека на 10 ноември на паркингот пред трговскиот центар „Мавровка“, пријавениот адвокат, Мефаиљ Арслани, му се заканил на обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски.

Во кривичната пријава пишува дека додека сведокот А. И. го управувала возилото во кое се наоѓала обвинителката Фатиме Фетаи, обидувајќи се да пронајде паркинг-место, го здогледале Мефаиљ Арслани.

Сведокот го отворила прозорецот за да го поздрават и му рекле „Добар ден Мефо, што правиш како си“, при што адвокатот Арслани со висок и агресивен тон одговорил: „A бе еве не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша (покажувајќи со рака кон Фатиме Фетаи), а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му е*еме“.

Пријавениот со тоа ја загрозил сигурноста на обвинителот Гаврил Бубевски. Кон кривичната пријава се приложени и изјави на сведоци, како и искази на сведоци дадени во СЈО, од кои може да се констатира дека тие стравуваат за нивниот живот, за што, своевремено СЈО бараше притвор.

Во пријавата пишува: „Очигледно е дека мотивацијата за овие закани искажани од пријавениот Мефаиљ, со таа количина на омраза кон оштетениот Гаврил Бубевски и сериозност на кажаното произлегува токму од фактот што против Ејуп Аљими се води кривична постапка, по потврден обвинителен акт од страна на судот по споменатото обвинение. Во тој предмет еден од обвинителите е оштетениот Гаврил Бубевски, и основано се очекува задоволување на правдата за стореното од страна на Ејуп Аљими, иако според негово поведение, истиот се однесува како недопирлив за правдата. Впрочем, од досегашното однесување на правосудниот систем не му е без основа таквото однесување, и затоа е целокупната омраза кон ‘нашата’, на која ѝ простиле заради таа припадност и на ‘каурот’, на кого треба да му плаче фамилијата. Од зборот ‘каур’, а во контекст на сето ова, јасно се влече заклучокот спрема кого се насочени заканите и поголема аргументација се чини е непотребна”.

Во пријавата се додава: „Впрочем и насилниот начин на одземањето на записниците од изборите и гласањето, од сведокот Р.Б. кое го опишувааат сведоците дека е извршено од обвинетиот Ејуп Аљими во наведениот предмет, доволно говори за неговата личност, и сведокот Р.Б. во својот исказ наведува дека е исплашена да сведочи пред обвинетите, бидејќи е исплашена и за својата безбедност и за безбедноста на својот татко. Истото го потврдува и сведокот Ќ.Т. и пред јавниот обвинител и на записник за главна расправа од 14.12.2018 година. Од ова очигледно е дека луѓето кои го познаваат Ејуп Аљими се плашат од него, што укажува на исполнување на сето неправо кое го бара кривичното дело – Загрозување на сигурноста“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска