Обвинителката за Зеќири: Владата не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи

Од:

Обвинителката Катерина Коларевиќ од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е децидна дека ќе докаже вина кај Мухамед Зеќири, ексгенерален секретар на Владата. Таа посочи дека граѓаните очекуваат од функционери како него да бидат со интегритет. Обвинителката посочи дека фирмата која добила државни пари за да изработи студии, а без јавна набавка, туку со договор во четири очи, во Македонија не вршела никаква дејност, а била основана непосредно пред да го склучи договорот со Владата односно со екс генералниот секретар Зеќири.

„Во текот на истрагата која покрај обвинетиот Мухамед Зеќири се водеше и против други две лица, државјани на Хрватска и за кои истражната постапка е во прекин поради нивната недостапност на органите за прогон на РСМ, беа собрани голем број на докази, беше изработен вешт наод и мислење, а беа обезбедени и вербални докази, неспорно беа констатирани фактите, кои ќе ги докажеме во судот, а тоа е дека Зеќири извршувал функција генерален секретар во Владата, а како носител на таква државна фунција, го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и со намера, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што истото е предвидено согласно Законот за јавни набавки во РСМ, а двете конкретни пост3паки се однесуваат на склучување на договори за вршење на консултантски услуги и тоа: за определување на модел за реструктирање на АД Пошта; за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници РСМ Транспорт АД Скопје“, кажа Коларевиќ

Обвинителката посочи дека Зеќири морал да го почитува Законот за јавни набавки, чија цел е граѓаните да знаат како се трошат нивните пари и финансиска дисциплина во управувањето со јавните средства.

„Во текот на постапката ќе докажеме дека иако обвинетиот Зеќири како генерален секретар на Владата со заклучок на Владата бил задолжен да спроведе постапка, во рамките на која ќе се ангажира консултантска куќа за рестроктуирање на АД Пошта, тоа не значи дека Владата го ослободила да не ги почитува законите во РСМ, донесени од законодавниот дом. Владата не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кои мислел дека се компетентни да ја вршат услугата која била предмет на договорот. Во рамките на постапката пред овој суд, ова обвинителство ќе докаже дека самото правно лице ‘Интерхолдинг ДООЕЛ Скопје’ кое е договорна страна на договорот за консултантски услуги за АД Пошта всушност е правно лице кое било основано во РСМ непосредно пред склучувањето на договорот и кое реално, според доказите, во неговото пријавено седиште, не обавува никаква дејност“, додаде обвинителката.

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвиние против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба и овластување, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, кои завршиле во приватни фирми.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска