Обвинителката од медиуми дознала дека Зеќири не е во затвор, Вишото обвинителство предлага да не го ослободуваат

Од:

Ниту тоа што еден месец Мухамед Зеќири е стациониран во Инфективната клиника во Скопје, не го промени мислењето на Вишото обвинителство за укинување на ефективниот притвор и одредување на поблага мерка за обезбедување присуство. Состојбата на Зеќири се подобрува според неговите адвокати, но тој денеска нема да оди на јавната седница во Апелација каде одново се бара тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка. „А1он“ се обиде да добие повеќе детали за здравјето на осомничениот, но од адвокатскиот тим не одговорија на нашиот повик. За тоа време, Вишото обвинителство е децидно дека Зеќири треба да остане во затворот.

dobivaj vesti na viber

„Предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје по повод изјавената жалба е жалбата да се одбие како неоснована“, велат од надлежното обвинителство за „А1он“.

„А1он“ се обрати и до Кривичниот суд за да провери дали тие се известени дека Зеќири еден месец се лекува на Инфективната клиника и поради која причина. Оттаму, три дена нема одговори. Обвинителката Катерина Коларевиќ од Обвинителството за гонење организиран криминал која го води случајот против осомничениот, исто така немаше одговор за дијагнозата поради која Зеќири наместо во затвор, се наоѓа во болница. Таа вели дека од медиумите дознала каде се наоѓа ексгенералниот секретар на Владата.

„Предметниот обвинител кој предложи определување на мерка притвор и нејзино продолжување, до овој момент не е известен дека лицето за кое покажувате интерес се наоѓа на друга локација која не е КПУ Затвор Скопје што се наоѓа во Шуто Оризари. Според информации на одредени медиуми лицето е на лекување на Инфективната клиника во Скопје, но обвинителството нема добиено официјално известување од надлежните органи“, велат од ОЈО-ГОКК за „А1он“.

Меѓу причините со кои се бара укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за скопското Обвинителство се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот кажа: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е уапсен Хрватот, управител на фирмата каде Зеќири исплаќал државни пари

Кристијан Ландов

Зеќири оздраве истиот ден кога Апелација реши да излезе од затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Зеќири од болница заминува дома, Апелација му го укина ефективниот притвор

Кристијан Ландов

Зеќири половина месец се лекува на Инфективна, адвокатот: Здравјето му е сериозно нарушено

Кристијан Ландов

Зеќири ќе остане во притвор, ексгенералниот секретар не ги убеди судиите дека нема да избега

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Зеќири од притвор во суд: Имав една година да избегам ако сакам

Кристијан Ландов