Обвинителите поднеле 21 жалба по решението на судот да ги изземе прислушуваните разговори

Од:

До истекот на законски предвидениот рок за жалба, Основното јавно обвинителство обжалило вкупно 21 решение на судија на претходна постапка кој одлучуваше по однос на барањето за издвојување на докази од списите на предметите на Јавното обвинителство, информираат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје

„Истите веќе се доставени до спротивната страна за одговор, кој во законски предвидениот рок треба да достави одговор по што обжалените решенија веднаш ќе бидат испратени на надлежно постапување на Апелациониот суд – Скопје согласно член 93 од ЗКП“, додаваат од таму.

Апелициониот суд допрва ќе одлучи дали ќе ги прифати или ќе ги отфрли жалбите како неосновани. По шест месеци од поднесувањето на кривичната пријава од страна на СДСМ, сите 27 предмети се во предистражна постапка и за ниту еден досега не е отворена истрага.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен