Обвинителите од Струга и Битола под лупа – комисија проверува дали ги криеле предметите за Мерко

Од:

Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и обвинителството во Битола, информираат од Јавното Обвинителство.

Струшкиот градоначалник Мерко има 6 кривични и во македонското Обвинителство – Ниту една завршена

Струшкиот градоначалник деновиве Стејт Демартментот, како спорна личност го стави на нивната црна листа заедно со неговоtо семејство. Во наводите се вели дека тоа е сторено поради наводи за корупција.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите.

За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од Обвинителството.

По целосните проверки на постапувањето, Комисијата ќе изготви извештај, Велат од Обвинителството.

Според обвинителството активни се следните предмети:

​1. КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава  поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и преема дејствија за проверка на наводите.

2. КО бр. 117/23 заведен во ОЈО Струга против наведеното и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува.

3. КО бр. 121/23 примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по кој се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток.

4. КО бр.208/15 отворен по пријава од УФП за кривично дело по чл.353 ст.1,2. и 5 против лицето за кое покажувате интерес и други три лица. Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година.

5. КО бр. 15/22 отворен во ОЈОГОКК по кривична пријава од група адвокати против три лица, а во врска со ангажмани за адвокатски услуги, предметот е во предистрага и се постапува по истиот.

6.​ РО 55/19 предмет по анонимна кривична пријава за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Измама против наведеното и повеќе други лица, поврзано со експропријација на земјиште во Струга. По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка.

 

 

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето против Мерко за набавката на аудито од 67 илјади евра

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Обвинение против Мерко, неправилно поставил директор на училиште

Катерина Ѓуровски

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Обвинителството за криминал и корупција поднесе обвинение против Рамиз Мерко

Мерко двапати назначил директорка на училиште која немала завршено високо образование: Антикорупциска ќе му поднесе кривична

Орце Костов