Обвинителите немаат донесено одлука дали ќе покренат истрага за Мицкоски, откако беше снимен во теретана и фатен во кафеана

Од:

По повеќе од еден месец откако Министерството за внатрешни работи ги достави доказите за случајот „Теретана“ до Обвинителството и скоро два месеци откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше затекнат во затворен дел на кафеана на „Боемска“ во период кога тоа беше забрането, јавните обвинители немаат донесено одлуки дали ќе покренат истрага, против кого ќе се води, но и за кои кривични дела ќе се однесува.

Од Обвинителството велат дека се постапува по двата предмети во кои инволвиран е Мицкоски. Оттаму не споделуваат повеќе детали, односно дали досега стигнале до нови сознанија, ниту пак, даваат информации поврзани со вештачените снимки од надзорните камери во двата објекти.

„Од страна на Министерството за внатрешни работи беа поднесени писмени известувања со пропратна документација. Надлежните јавни обвинители постапуваат и ги прават сите неопходни проверки, во насока на утврдување на фактите“, велат од Обвинителство.

Во МВР пак, тврдат дека работат на случајот „Боемска“, но, по насока на јавен обвинител.

„СВР Скопје – Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и понатаму презема мерки во координација и по насоки на ОЈО и поради тоа не сме во можност да дадеме детали за постапката“, велат и од МВР.

Случајот „Теретана“ се отвори откако на „Твитер“ беше објавена снимка на која се гледа како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влегува во теретана со спортска опрема, во период, кога Владата со Уредба ги затвори сите фитнес клубови. На снимката се гледааат и обезбедувачите на Мицкоски со ракавици на нив, за што, ексминистерот Наќе Чулев тврдеше дека е отсјај. Чулев уште на почетокот од истрагата, а врз база на изјави од вработени, тврдеше дека снимките се стари. Потоа, со вештачење се утврди и дека во одреден ден, точно наведен со датум, одредени временски интервали, точно наведени со час, минути и секунди недостасуваат видео записи од две камери.

По еден месец, а откако инспектори беа спречени да извршат надзор во угостителскиот објект лоциран на Боемска улица, Мицкоски беше затекнат како излегува од затворениот дел на кафеаната, придружуван од пријатели, меѓу кои и Љупчо Андоновски, советник на ексминистерот Чулев. Во овој случај интервенираше и ЕБР, бидејќи постоеше сомнеж дека има обид да се избришат снимките од камерите кои го документираа случајот додека се чекаше дозволата од Обвинителството да се одземе уредот за снимање. По неколку часа драма на улицата, а по полноќ, Мицкоски сам призна дека бил во кафената и ги прекршил протоколите за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски