Обвинителите кои не постапија за „крававиот“ четврток се жалат оти пола година ќе земаат пониска плата

Од:

Тројцата обвинители, за кои, петчлената комисија во Јавното обвинителство констатира дисциплински повреди за непостапувањето по настаните од 27 април, поднеле жалби до Советот на јавните обвинители, дознава „А1он“. Сепак, иако жалбите се поодамна пристигнати во Советот на јавни обвинители, за нив членовите ќе одлучуваат откако ќе завршат изборите.

Според првостепената одлука на комисијата, обвинителите половина година треба да добиваат помала плата за 30%. Обвинителите Златко Биковски, Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски куртулија од разрешување за ненавремено непреземање истражни дејствија на крвавиот четврток во Собрнието. Најстрогата казна во дисциплинската постапка е предлог за разрешување, од која што кутрулија обвинителите.

Според нашите информации, критичниот ден не бил направен веднаш увид во Собранието и не биле собрани доказите, наводно поради безбедноста на обвинителите, а не бил свикан ниту колегиум.

Увидот бил направен следниот ден, в петок, на 28 април, од двајца обвинители, но дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард-дискови со снимките од законодавниот дом. Дисциплинската комисија, која работеше од средината на 2018 година, сослуша сведоци кои ги предложиле посочените тројца обвинители.

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски вечерта на 27 април свикал состанок на тројцата обвинители и заедно одлучиле да не постапат критичната вечер за организираниот напад на Собранието на 27 април. Зврлевски не може да биде дисциплиниран, зашто веќе не работи во Обвинителството.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска