Обвинетите за 27 април ќе гледаат видеоснимки од камерите при упадот во Собранието

Од:

Во кривичниот суд во Скопје утрово треба да продолжи судењето за настаните од 27 април 2017 година. Според динамиката на судење, на денешното рочиште, обвинителката Вилма Русковска треба да почне со изведување на видоснимките направени од собраниските камери на крвавиот четврток. На минатото рочиште судијката Добрила Кацарска одлучи да ја исклучи јавноста поради испитување на загрозениот сведок Ц1.

Ова е прво судско рочиште, на кое тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, ќе се појават по нивното петочно гласање за уставните измени во Собранието. До крајот на месецов се закажани уште 4 рочишта.

На претходните рочишта беа сослушани 36 сведоци предложени од Обвнителството, меѓу кои, пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во нивните искази тие објаснија што виделеза време на критичниот 27 април 2017.

На обвинителната клупа покрај пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, се ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски-Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски