Обвинетиот Јане е внук на Методија Андонов Ченто, рече неговата адвокатка

Од:

Адвокатот на тројцата обвинети за крвавиот четврток, Сашо Христовски Липски, во одбраната на Стефан Младеновски, Михаил Младеновски и Захарие Симовски рече дека биле млади луѓе со големо срце.

„Лично сум убеден дека предметот е политички мотивиран“, рече адвокатот.

„Патриотизмот не е казна. Татковината ни е една и единствена“, додаде Липски. Според адвокатот, во овој предмет немало наредби, фантомки и организација, имало само спонтаност, која ги врзувала сите граѓани кои биле присутни пред и во Собранието.

Судијката Кацарска на крајот од воведниот говор го опомена адвокатот никогаш повеќе да не и’ се обраќа со зборовите „драга претседателке“.

Адвокатката на обвинетиот Јане Ченто, Валентина Тодоровска, рече дека Јане не го сторил кривичното дело што му се става на товар. Таа рече дека Ченто е правник, работел во Владата и е родител на едно дете. Тодоровска пред судот рече дека Јане Ченто бил во Собранието, но не според описот на обвинението, туку како дел од толпата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски