Обвинетата секретарка на Собранието на 27 април „трчала радосно и гестикулирала со рацете“ пред да влезат насилниците

Од:

Во кривичниот суд во Скопје трае изведувањето на материјалните докази за настаните од 27 април 2017 година. Обвинителката презентира видеоснимки од собраниските камери, на кои се гледаат неколкумина од обвинетите.

„На лицето од обвинетата Елена Доцевска Божиновска се гледа радост на лицето, таа трча од Кабинетот на претседавачот Трајко Вељаноски и гестикулира со рацете”, рече обвинителката, презентирајќи ја снимката.

Од видеоснимката од собраниската камера може да се види дека таа цело време разговара на телефон. На снимката се гледа дека таа разговара и со обвинетиот Игор Југ, а во нивна позадина стои личното обезбедување на Вељаноски, Горан Ѓошевски Леви. Таа разговара со неколку од обвинетите со црни фантомки на главите. На снимката се гледа како таа им дава вода на лица кои се во салата, а не се дел од собраниското обебедување, меѓу нив и на обвинетиот Митре Питроповски.

На првата снимка пуштена во судницата се гледаат Горанче Ангеловаки Ќосето, Дејан Давидовски кој е во бегство Никола Митровски Кољо, Митре Питроповски, Иван Цветановски, Илија Славевски, Младен Додевски и Стефан Младеновски.

Некои од нив слободно со фантомки се шетале пред Кабинетот на Вељаноски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски