Обвинета во случајот „Тендери“ го бара пасошот за да оди на летување во Грција

Од:

Јулијана Угриноска, третообвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска пред судиите на Апелациониот суд во Скопје побара да ѝ биде вратен пасошот. Таа е обвинета за соизвршителство додека работела како економистка во Мининистерството за култура.

Одбраната тврди дека обвинетата ја напушта Македонија само еднаш годишно, кога оди на летување во Грција.

Но, Стевчо Донев од СЈО побара жалбата на обвинетата да се одбие. „Има опасност од бегство, како што во образложението напишал судот“, рече Донев. Според него, обвинетата нема работни обврски и постои опасност од бегство.

Адвокатот Сашо Дуковски додаде дека обвинетата живее во економска заедница со родител која е возрасна и со нарушена здравствена состојба.

„Сум ги примала сите покани од СЈО. Ветувам дека ќе присуствувам на сите рочишта. Одењето во странство е за моја оддишка“, рече обвинетата Јулијана Угриновска.

Претходно во Апелацискиот суд беше разгледана жалбата на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е првообвинета во случајот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“