Обвинение за тетовец кој нападнал полициски службеници

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен предлог со предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец, за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

– На 28 август 2020 година, околу 1:30 часот, во комплексот на манастирот Св. Богородица и Св. Атанасиј во село Лешок, осомничениот со употреба на сила непосредно нападнал врз телото на службени лица кои вршеле работи од јавна безбедност при што им нанел телесни повреди. Нападот следел откако по настаната тепачка меѓу посетители на манастирот, меѓу кои бил и осомничениот, службените лица интервенирале со раздвојување на учесниците во тепачката и нивно приведување. Во тој момент осомничениот се дал во бегство, а по него тргнале полициските службеници. Откако го престигнале, осомничениот видно под дејство на алкохол, продолжил да го нарушува јавниот ред и мир, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека тој давал активен отпор при обидот на службените лица да го тргнат од местото на настанот за да ја стават ситуацијата под контрола, при што ги навредувал, се заканувал, ги удирал и им нанел телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски