• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Обвинение за Теофиловски, се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување

by А1он31/12/2020 - 14:2804/01/2021 - 16:32432
Share0

Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, меѓу кои е и членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски.

Добивај вести на вибер

„По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како одговорно лице – Претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Ц.Н. како одговорно лице – Управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите А.Н. како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џ.А., И.К., К.И. и И.Р. со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари“, велат од Обвинителството.

Според Обвинителството со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите овозможиле, противправно, правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 м2, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 м2 односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​​

„Имено, обвинетите З.Т., А.Н, К.И., И.К. и Џ.А. овозможиле, правното лице, противправно да се стекне со право на сопственост на непостоечки објект со површина од 122 м2, а се со цел исполнување на условите од чл.23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и чл.20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост со кој се пропишува стекнувањето на право на сопственост на објект и ексклузивно правно на откуп на земјиште, како и негова приватизација. Обвинетиот Ц.Н. со намера правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште во државна сопственост во површина од 4.410 м2, спротивно на чл.14 ст.3 и чл.20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, иако градежната парцела не била дефинирана со урбанистички план, ниту правното лице градежното земјиште го користело по основ на стекнато право на сопственост на објект со правна основа, спротивно на законските услови, поднел Барање за купување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија. Кон Барањето поднел Извод од план изготвен и потпишан од обвинетиот Џ.А. во кој бил внесен невистинит податок, по што обвинетиот И.Р. како службено лице излегол на лице место и по извршениот увид, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во Записник внел невистинит податок дека извршил премер и идентификација катастарската парцела и по увидот во ДУП и ЛУПД, констатирал дека истата се вклопува во намената. Врз основа на ова Министерство за финасии, Сектор за управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Тетово, донело правосилно Решение за приватизација на градежно земјиште“, соопштија од Обвинителството.

 

sudski sovetteofilovski

Би можело да ве интересира

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он20/01/2026 - 16:55

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:44

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:42

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 13:55

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен