Обвинение за млад тетовец кој за пари сакаше да убие познаник

Од:

Деветнаесетгодишен тетовец од Основното јавно обвинителство е обвинет дека сторило кривично дело убиство.

Според обвинителниот акт, тој на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. Потоа отишле во казино во селото Жеровјане, каде исто така побарал и потрошил 50 евра од оштетениот. Кога се вратил нервозен во возилото, осомничениот побарал уште пари од оштетениот, но тој одбил да му даде.

„Во тој момент, осомничениот извадил нож од џебот и му се заканил. Оштетениот повторно одбил да му даде пари и му рекол да се симне од неговото возило, по што осомничениот му задал неколку убоди со нож во стомакот и градниот кош. Оштетениот веднаш излегол од автомобилот и почнал да бега, а осомничениот трчал по него со ножот во раката. Го стигнал и му задал уште неколку удари во грбот и главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Оштетениот паднал на земја и му ги дал сите пари кои ги имал со себе – околу 300 евра, по што осомничениот се дал во бегство“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен