Обуки за работни вештини во кумановскиот дневен центар „Порака наша“

Од:

Корисниците на услугите на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово преку тренинг обуки, кои ќе ги реализира стручен тим ќе се обучуваат за нивна полесна инклузија на пазарот на труд.

Како што информираат од дневниот центар, корисниците ќе се стекнат со одредени вештини и знаења, со што ќе можат полесно да најдат вработување.

– Ако пред десет години разговаравме за одржување на лична хигиена и како да се грижат за себе, сега веќе разговараме за кои работни вештини да ги развиваме и кои работни места би можеле да ги одбереме, изјави социјалниот работник во „Порака Наша“ Светлана Милеска Димитриевска.

Програмата на Дневниот центар во наредниот период ќе се надоградува и ќе вклучи професионална рехабилитација.

– Сметаме дека со соодветни обуки и тренинг, што зависи од желбите и можностите на корисниците можат да усвојат работни вештини со кои ќе станат конкурентни на пазарот на трудот, изјави Милеска-Димитриевска.

Покрај стандардните активности, практичните и социјалните, програмата ќе се надоградува согласно индивидуалните можности на секој корисник поединечно.

Во Дневниот центар „Порака Наша“, пет работни дена во неделата престојуваат 21 корисник, лица со интелектуална попреченост над 18 години и за нив се грижи стручен тим составен од социјален работник, дефектолог, психолог и педагог.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски