Обука на пчеларите од Македонска Каменица

Од:

Обука за пролетен развој на пчелите со цел да се помогне на младите пчелари за правилно одгледување и третман на пчелите што ќе донесе развој на пчеларството како земјоделска гранка во регионот на Пијанец, се одржа на пчеларникот во Македонска Каменица. Обуката која, освен практичен дел имаше и теоретска настава, е во организација на Здружението на пчелари „Еко-кам мед“.

Пчеларот Младен Николовски ја држеше теоретската обука за пчеларите. Тој е посебно изненаден што има многу жени пчелари кои се мотивирани да успеат во пчеларството.

– Оваа обука е на тема „Пролетен развој на пчелите“. Пчеларите мора да имаат и теоретски познавања за пчеларството со цел да се надминат проблемите од климатските промени кои многу се чувствуваат, па од нив сме збунети и ние и пчелите. Пчеларството овде е во голем застој, затоа сакаме да им помогнеме на пчеларите во надминување на проблемите кои се резултат на климатските промени и пролетните мразеви влијаат и на пчеларството, рече Николовски.

Претседателот на Здружението, Боге Јанковски истакна дека целта на оваа обука е младите пчелари да се запознаат со практичната работа во еден пчеларник.

– Овде сме да видиме како се одгледуваат пчели, како изгледа пчеларењето, размножувањето. Нашето Здружение ќе организира редовно вакви обуки со цел да помогнеме во развојот на пчеларството во Македонска Каменица, бидејќи ние сме свесни дека еколошката средина овде и производството на мед можат да донесат економски бенефит на пчеларите, но и развој на регионот, односно производството на еколошки мед може да донесе развој на регионот, рече Јанковски.

Тој најави и нови проекти кои ќе бидат во насока на поддршка на пчеларите.

– Имаме проект за доделување пчелни семејства на млади пчелари кои ќе с п ријават кај нас,а повикот ќе биде отворен за една недела и сите ќе добијат по една пчела, ќе бидат повикани и на обука. Исто така, со поддршка на пчелари од другите градови ќе се обидеме да произведуваме и други производи од пчели, освен мед да се научат пчеларите да произведуваат матичен млеш,пчелен отров, прополис, рече Јанковски.

Овие активности каменичките пчелари ги реализираат со поддршка на Општина Македонска Каменица. Пред два месеци на 60-ина пчелари од рударска Каменица беа донирани медоносни дрвца, а поддршката од општината во комбинација со еколошката средина и производството на еколошкиот мед, треба да донесе и економски бенефит на пчеларите и развој на регионот.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски