Обука на МВР во соработка со француската амбасада: Спортски натпревари- управување со навивачки групи

Од:

Во рамки на годинешната програма за обуки на македонски полициски службеници предложена и поддржана од Република Франција, односно од амбасадата на Франција во Република Македонија, денес (09.11.), заврши обуката на 25 припадници на МВР од областа на јавниот ред и мир и превенција. Обуката која се реализираше во текот на изминативе неколку дена беше посветена на подготовка на спортски настан, управување и контрола на навивачи, координација на служби и размена на информации во рамки на организација на чувствителни спортски настани.

Министерството за внатрешни работи има одлична соработка со Амбасадата на Француската Република, особено во делот на спроведување на обуки за припадници на Министерството за внатрешни работи и при таа соработка француската полиција партиципира со врвни експерти во своите области. Годинава едукативната програма, покрај изучувањето на францускиот јазик, беа опфатени и обуки за борба против тероризмот, против нелегалната трговија со дрога и оружје, а од посебно значење за МВР беа и обуките во областа на криминалистичко-техничките испитувања и вештачења.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски