Објавена националната платформа за онлајн учење за учениците и за родителите

Од:

Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, Министерството за образование и наука ги повикува учениците и родителите, да ја посетат и да се запознаат со платформата во текот на викендов.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата, велат од МОН и посочуваат дека во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден е важен за успешно започнување на онлајн наставата.

Министерството за образование и наука веќе испрати насоки до сите училишта задолжително да се достават корисничките лозинки до учениците. Ги повикуваат директорите на училиштата кои не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот старт на учебната година.

– Министерството за образование и наука ги повикува и локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина. Истовремено, искажуваме огромна благодарност до градоначалниците и вработените во општините, но и до сите наставници за посветеноста во обезбедувањето услови за непречена настава во време на пандемија. Главениот и единствен приоритет на Министерството за образование и наука во овој период е да ги надминеме предизвиците и успешно да ја започнме, но и завршиме учебната 2020/2021 година и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19, се вели во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно – образовниот процес на учениците кои матурираат годинава

Ученици во Врање тепани и врзувани: Ги терале да шетаат голи низ училница

А1он

Митева: Половина милион евра се потрошени залудно поради неспособноста на МОН

Тренчевска: Одбивањето за зголемување на платите од 10% во време на криза од СОНК е потврда дека интересите на децата не се земаат предвид

А1он

Деца снимале како тепаат соученик, а снимките ги споделувале на социјалните мрежи

А1он

Научните установи и институти по една деценија добија поддршка од државата

А1он