Објавен повик за изработка на проект за изградба на мост на Крива Река во Довезенце

Од:

Општина Куманово објави јавен повик за прибирање понуди за изработка на основен проект за добивање електронска дозвола за доградба на армирано бетонски мост на Крива Река во кумановското село Довезенце. За изработката на основиот проект, општина Куманово проценува дека се потребни 500.000 денари.

Општина Куманово, бара понудувачи за архитектонски, инжинерски, услуги за просторно планирање, за уредување на земјиште, технички советодавни услуги. Понудите треба да бидат доставени до 8 мај, годинава, а важност ќе имаат по 60 дена, согласно законскиот предвидениот рок.

Изминативе години при пообилни дождови и топење на снегот, често се случуваа поплави и излевање на реките во овој реон на Куманово, помеѓу селата Довезенце, Јачинце и Клечовце. Во неколку наврати, поради излевањето на Крива Река беше оштетена и конструкцијата на мостот и носечките столбови.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он