Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го објави конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината.
Конкурост е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во македонските медиуми во текот на 2017 година, како и за оние новинари и редакции кои сакаат да пријват истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или од други редакции.
Бројот на стории со кои еден новинар или редакција можат да учествуваат на конкурсот не е ограничен.
Наградните истражувачки стории ќе добијат парични награди: 30 илјади денари за првонаградената строија, 20 илјади денари за второнаградената и 10 илјади денари за третонаградената сторија.
Пријавите може да се испраќаат до 9 февруари по електронска пошта на [email protected], по пошта на Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје; или лично да се достават во МИМ.
Критериумите се достапни на следниот линк, а пријавите испратени по пошта или доставено во МИМ треба да бидат во пет примероци, додека тие испратени преку интернет треба да бидат со наведен линк до сторијата или истата да се прикачи како додаток.