Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство во обид.

„Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во “Новиот пазар“ во Битола, се обидел да убие едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство.

Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он