Во просториите на Македонската информативна агенција (МИА) ноќеска повторно имаше обид за кражба. Непознат сторител или сторители околу 2,30 часот насила влегле во една од канцелариите на Агенцијата, кршејќи дел од прозорецот.
За среќа, навремено е активиран алармниот систем и со брза интервенција на Агенцијата за обезбедување е спречена нова тешка кражба. Предизвикана е незначителна материјална штета.
Полицијата е информирана за оваа тешка кражба во обид, што следи само три месеци по насилниот упад во Агенцијата, на 6 јануари, кога беше украдена техничка опрема.