Обезбедувачите на Иванов ќе добијат работни задачи од Пендаровски ако МВР не ги повлече

Од:

Обезбедувачите на експретседателот Ѓорге Иванов, кои техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ги врати на старото работно место во вилата „Водно“ за да го обезбедуваат претседателот Пендаровски, ќе останат дома до крајот на оваа недела. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека обезбедувачите ќе добијат работни задачи доколку МВР одлучи тие да продолжат да работат таму и не им бидат врачени нови решенија.

„Лицата што го обезбедувале експретседателот Иванов, а се опфатени со актите со кои се упатени на претходни работни позиции, користат неколку слободни денови во текот на оваа недела. Доколку Министерството за внатрешни работи одлучи овие лица да бидат упатени да работат во Кабинетот на претседателот, ќе добијат соодветни работни задачи“, велат оттаму за „А1он“ одговарајќи на прашањето дали кога обезбедувачите ќе ги искористат слободните денови, ќе бидат пуштени во вилата „Водно“.

Од претседателската вила не кажуваат дали има реална потреба од обезбедувачите во Кабинетот на Пендаровски. Со одговорот оттаму се потврдува веста што ја објави „А1он“ дека настанал хаос во вилата „Водно“ кога непредвидено се појавило дополнителното обезбедување, кое работело со наредби од ексминистерот Оливер Спасовски, а кога техничкиот министер Наќе Чулев ги укина.

Слободните денови за дополнителното обезбедување било најгалантно и најбрзо решение со оглед на ситуацијата која настанала.

Сега на потег е Министерството за внатрешни работи, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, да утврди дали има потреба од дополнителните обезбедувачи во Кабинетот на Пендаровски. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и неговата заменичка Славјанка Петровска се договорија Тасевски да го реши ова спорно прашање.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата