Обележување хоризонтална сигнализација во Куманово

Од:

Во Куманово почна обележувањето на хоризонталната сигнализација во строгиот центар на градот.

Обележувањето го вршат екипи на ЈП „Водовод“ од Куманово.

– Набавена е прва количина на боја околу 600 килограми, започнато е со обележување. Во централното градско подрачје, со акцент пред образовните училиштата, градинките и здравствените институции, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.

Минатиот јуни екипите на „Водовод“ почнаа со обележување на пешачките премини, но само пo три месеци, бојата се избриша.

Од „Водовод“ реагирале до фирмата набавувач, која не можела да одговори со повторно доставување на боја соодветна на потребите за хоризонталната сигнализација, по што договорот е раскинат. По направената анализа договорот е раскинат, а добавувачот добил негативна референца, согласно тендерската документација.

ЈП „Водовод“ минатата година на тендер набави машина за обележување на хоризонтални површини за која одвои 678 илјади денари. Општина Куманово за обележување на хоризонтална и за вертикална сигнализација на годишно ниво троши 2,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане