Претседателството на Обединети за Македонија на својата синоќешна седница расправаше и го поддржа договорот за надминување на спорот со името.
Оценка на Претседателството е и да се даде можност за подобра иднина на младата популација и на генерациите кои доаѓаат, преку создавање предуслови за прием на нашата земја во евроатланските интеграции.
„Со придавката северна нема да се изгуби идентитетот на државата, ниту другите суштевствени определби.Тие не се загрозени – ниту се менуваат, став е на Претседалството.
Обединети за Македонија внимателно ќе го следат реализирањето на договорот и со своето делување ќе придонесуваат кон неговото остварување во духот на темелните партиски определби согласно кои утре навистина ќе станеме рамноправна членка на ЕУ и НАТО.
Обединети за Македонија ги повикува граѓаните, особено младите, да излезат на реферндум и да го дадат својот глас за европската иднина на нашата земја. Одложуваната иднина треба конечно да стане минато“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.